Груби: Ветинг за неселективна правда
Идното ДУИ е ангажирано за целосен ветинг и во политиката, во обвинителството, во судството, изјави Артан Груби од ДУИ. Тој вели дека ветингот претставува клучен столб на програмата на ДУИ за постигнување неселективна правда, вистинско владеење на правото, транспарентност, борба против организираниот криминал и корупцијата и враќање на довербата на граѓаните во интегритетот на институциите.
„Има уште многу работа за воспоставување неселективна правда во оваа земја. Но, ние сме подготвени да се соочиме и со овој предизвик и ги покануваме сите граѓани со заеднички сили да вложиме напори за општото добро на сите нас“, рече Груби.
Правната предвидливост и владеењето на правото, додаде тој, се основен предуслов за економски развој, за создавање нови работни места и за поквалитетен живот, цели кои се исто така и наши приоритети.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа