Заев: Не сме и никогаш нема да бидеме исти со ВМРО-ДПМНЕ

 

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на вечерашниот Конгрес на партијата истакна дека не се и никогаш нема да бидат исти со ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, во ВМРО-ДПМНЕ владее мрак, манипулација и страв.

-Мицкоски и понатаму е извршител на Груевски. Тоа е партијата пред стечај која брани криминали додека во неа се уште седат стари и познати ликови кои креираат мрачни политики. Тие се против Европската унија и НАТО. Тие се фабрика за лажни вести, рече Заев, додавајќи дека со криминалните политики, крадејќи го народот ВМРО-ДПМНЕ ја донеле државата на работ на сиромаштијата.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ го години газеле врз сиромашните, врз работниците, пензионерите и стечајците.

-Тепаа студенти, уценуваа наставници, затвораа медиуми. Денес се уште го бранат криминалот на Груевски. Се уште се против повисоки плати и пензии. Противејќи се на напредокот кон ЕУ и НАТО. Епа за такви нема гласови, нема поддршка, нема иднина. Нека си седат во минатото, друг избор за нив нема. Ние одиме напред, рече Заев.

Вели дека Мицкоски се плаши да се соочи со него, поради тоа што нема да биде носител на листа. 

-Можеш Мицкоски да избегаш од изборните листи, да избегаш од соочување со мене. Знаеш дека ќе изгубиш, но од волјата на граѓаните и правдата нема да избегаш, порача Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.03.2020 - 20:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега