Познати имињата на кандидатските листи на СДСМ (ФОТО)
Познати се имињата кои ќе бидат кандидати за пратеници на предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 12 април.
Во Изборната единица 1 носител е Никола Димитров, а ќе го следи Мила Царовска. Двојката ќе ја предводи техничкиот премиер Оливер Спасовски, а ќе го следи Сања Лукаревска. Носител на ИЕ3 е генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски, следен од Јагода Шахпаска. Претседателот на СДСМ ќе ја предводи ИЕ4, а ќе го следи кандидат од коалицијата. Во петката, Радмила Шекеринска ќе биде прва на листата, а зад неа Јован Митревски. Носител на ИЕ6 ќе биде лидерот на БЕСА, Билал Касами, а веднаш зад него ќе биде Фаница Николовска од СДСМ.
Интересно е што на листата може да се забележи Зекир Рамчиловиќ, кој на минатите избори беше дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Тој во меѓувреме, делуваше како независен пратеник, а беше и избран за потпретседател на Собранието. Рамчиловиќ е 10. на листата во ИЕ3.
Освен него, на листата се најде и Панчо Минов, кој како кандидат од ГРОМ на минатите избори во Собранието влезе преку коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа