Николовски за Сител: Дел од осумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ на листа на СДСМ
Дел од осумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе се најдат на листите на коалицијата СДСМ-БЕСА, истакна генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во гостувањето за Сител Телевизија.
-Ние сме отворена политичка структура која и во 2016 година покажа и докажа дека дел од местата навистина ги резервираме за граѓанскиот сектор, за интелектуалци кои што се битни за општеството, кои што учествуваат и сакаме да ги вградиме во промените. Така што, на овие листи покрај за сите интелектуалци, за сите поединци, тука ја вклучувам и можноста да има и дел од овие пратнеици. рече Николовски.
Според Николовски, СДСМ на ВМРО-ДПМНЕ може да му држи предавања како се прават внатрепартиски системски промени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа