Заев: Денеска носиме големи одлуки
Лидерот на СДСМ Зоран Заев на својот Фејсбук профил го најави почетокот на 24. Конгрес на партијата.
Подготвени за Конгрес24 на СДСМ - Социјалдемократски сојуз на Македонија. -Денеска носиме големи одлуки. Важни за иднината на државата и за иднината на партијата. Следете го вклучувањето во живо од 18:00 часот.
На овој Конгрес во пресрет на предвремените парламенатрни избори, СДСМ треба да ги објави кандидатските листи за пратеници.
Конгресот ќе има отворен и работен дел. Отворениот дел ќе биде на почеток и на крајот од Конгресот.
На почеток, во отворениот дел од Конгресот предвидено е обраќање на лидерот на СДСМ Заев, а тој ќе има обраќање и на крајот на конгресот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа