Колемишевски: Во новиот чист мандат просечната плата ќе достигне до 36.000 денари

 

Претседателот на комисијата за економија на СДСМ, Кирил Колемишевски учествуваше на отворање на изборен штаб на СДСМ во Општина Ѓорче Петров.

Колемишевски ги потенцираше евидентните разлики помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
На овие избори граѓаните ќе избираат помеѓу два концепта, едниот е концепт на минатото кој го води ВМРО-ДПМНЕ, а вториот концепт на иднината кој го води СДСМ во широка, победничка коалиција, истакна Колемишевски.
Колемишевски се осврна и на економските реформи на СДСМ.
За само 2,5 години имаме бројни успеси а економската понуда на СДСМ за новиот 4 годишен мандат носи уште подобар животен стандард, рекорден раст на платите, рекордно ниска невработеност, инвестиции и економски раст. До крајот на мандатот, до 2024 година, ќе отвориме 100.000 нови работни места. Ако можевме за 2,5 години да отвориме 60.000 конкретни, јасно видливи работни места главно во реалниот сектор, знаеме и можеме за полн мандат од 4 години да отвориме 100.000 нови работни места. Во новиот мандат растот на платите продолжува и тој ќе биде и побрз и посилен. Просечната плата ќе порасне на 36.000 денари. Минималната на 18.000 денари, истакна Колемишевски
Развиваме целосно нови стратегии преку грантови или неповратни средства од 5.000 до 15.000 евра за млади и жени за отворарање на сопствени бизниси, каде државата го презема поголемиот дел од ризикот при евентуален неуспех. Поддршката за домашни и странски инвестиции ја зголемуваме и ја проектираме во износ од 300 милиони евра до крајот на мандатот. На ова додаваме уште 300 милиони евра европски средства за развој на домашната економија. Тоа се вкупно 600 милиони евра за развој на бизнисот, за фирмите, за нови работни места, за иновации, за стартапи, за младите, за работа тука дома, во нашата татковина, додаде Колемишевски.
Колемишевски потенцираше дека реалните реформи на СДСМ се причина се повеќе граѓани да пристапуваат како членови на СДСМ, тоа се гледа насекаде во државата и затоа СДСМ убедливо ќе победи на изборите на 12 април.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.03.2020 - 21:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа