Страшевски: Oбвинителството да постапи по кривичните пријави против Џолев

 

Oткако Адвокатската комора ја отфрли дисциплинската постапка против Јовица Страшевски која дојде по пријава претседателот на Кривичен суд Иван Џолев, со реакција се јави и адвокатот.

Страшевски објаснува дека против него како личност се изнесуваат невистини но оти на лагата и се кратки нозете и дека вистината е како шило и излегува на површина.

-Правото и правдата во овој момент победија во Македонија. Го повикувам Јавното обвинителство и МВР да постапат и да донесат одлука на моите поднесени кривични пријави за злоупотреба на службената должост кои од моја страна беа поднесени против претседателот на Кривичниот суд Џолев- нагласува Страшевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.03.2020 - 20:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа