Прегазен пешак во Аеродром- жена со тешки повреди итно пренесена на Клиника

Во текот на вчерашниот ден, жена со тешки телесни повредни била пренесена на Клиника откако претходно во неа удрил автомобил.

Според пријавеното вчера во 18 часот и 50 минути на улица „Васко Карангелевски“ во Скопје, патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(67) од Скопје,  удрило во пешакот Љ.Д.(62) од Скопје.

Во незгодата, Љ.Д. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. 

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.03.2020 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега