Мицкоски се сретна со унгарскиот амбасадор: Власта наместо да се фокусира на реформите, целата енергија ја посвети на политички пазар
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се сретна со амбасадорот на Република Унгарија во Македонија, Ласло Дукс.
На средбата се разговарало за актуелната политичка и економска ситуација во државата, претстојните предвремени парламентарни избори и европската перспектива на Македонија.
-Мицкоски на средбата истакна дека високата корупција како и бројните афери без завршница поврзани со функционери од актуелната власт претставуваат сериозна кочница на Македонија. Мицкоски ја афирмираше заложбата на ВМРО ДПМНЕ за откочување на патот кон ЕУ и наша интеграција во европското семејство. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека власта наместо да биде фокусирана на исполнување на реформите и подобра економија и инфраструктура, целата енергија ја посвети на политички пазари со цел амнестијата за криминалите изминативе години, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски потенцирал дека после 12 април владата која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ забрзано ќе работи на исполнување на клучните реформи и ќе воведе економски мерки со кои ќе ги доближи македонските граѓани до европскиот стандард.
На средбата бела посочена и одличната соработка помеѓу Македонија и Унгарија и беше нагласено дека во иднина постои простор за уште поголема соработка како на економски така и на научен план.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа