Пет алпинисти загинаа во ерупција на вулкан
Еден од најактивните вулкани на Филипините исфрли денеска огромна количина на камења и пепл, усмртувајќи најмалку пет алпинисти. Спасувачките тимови и хеликоптери се спуштија на планината Мајон, на околу 340 километри од Манила, во централниот дел од Филипините, да ги извлечат мртвите и згрижат најмалку седумината повредени во група од околу 20 планинари, кои беа затечени од наглата ерупција, изјави гувернерот на покраината Алебј Џои Салкед. Алпинистите биле усмртени од огромните камења кој вулканот ги исфрлил. Жртвите биле од Германија, Австрија и Филипините.