Манчевски во Радовиш: Со напредокот во интеграциите отвораме пазар од 4 милијарди евра и пристап до 2 милијарди евра фондови на ЕУ

 

Потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски вечерва беше меѓу граѓаните на Радовиш. На средбите со граѓаните Манчевски истакна дека дека во изминативе три години СДСМ донесе тешки, паметни и храбри одлуки, покажа визија, храброст и одлучност за решавање на децениските прашања и со нивното затворање, ги отвори перспективите кон ЕУ и НАТО, соопштуваат од партијата.

 

Манчевски нагласи дека практично сме 30 земја членка на НАТО Алијансата, најмоќниот сојуз на светот, што освен безбедност и стабилност, носи повеќе пари за граѓаните и отвора пазар вреден 4 милијарди евра годишно  за нашите компании.

-Само по добивањето на поканата за членство за НАТО во 2018 година, странските инвестиции достигнаа рекорден износ зголемен за над 300 отсто во споредба со оној од 2017 година, невработеноста е на рекордни најниски 17 отсто, а платите растат во сите сектори, истакна Манчевски.

Денес сме чекор поблиску до преговорите со Унијата и отворање на првите поглавја, рече Манчевски и се осврна и на последниот Извештај на Европската комисија, кој нотира значаен напредок во сите области: во правосудството,  во борбата против корупцијата, во реформата на безбедносните служби и реформата на јавната администрација.

-Отворањето на преговорите за нас ќе значи европеизација на целото општество, но и пристап до европските фондови, од кои  обезбедуваме 2 милијарди евра за Северна Македонија во годините коишто претстојат, порача Манчевски.

-Граѓаните гледаат кој го носи европскиот стандард дома и затоа членството на СДСМ континуирано се зголемува, нагласи потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски, кој во Радовиш присуствуваше и на партиски настан, на кој беа доделени 100 партиски книшки за нови членови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2020 - 22:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа