Николовски од Виница: СДСМ покажа храброст и државотворност затоа сме извесна 30 членка на НАТО
Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски вечерва беше дел од отворањето на изборен штаб на СДСМ во Виница каде пристапија над 150 нови членови, соопштуваат од партијата.
-Ја извадивме државата на прав пат и за само 2,5 години покажавме што значи вистинска грижа за граѓаните. Ние одиме по автопат напред кон ЕУ и НАТО, ВМРО-ДПМНЕ нуди обнова на режим и враќање кон темни ходници, затоа граѓаните на 12 април силно ќе порачаат - режим никогаш повеќе, истакна Николовски.
Николовски ги потенцираше економските реформи кои овозможија парите да се враќаат кон граѓаните.
-За 2.5 години растат платите и пензиите, минималната плата ја покачивме за 5.500 денари. Затоа со чист образ од Виница порачуваме, во наредните 4 години во чист мандат минималната плата ќе порасне на 18.000 денари а просечната плата на 36.000 денари, посочи Николовски.
-Се фокусиравме на решавање на проблемите со соседите и на меѓународните интеграции и испорачавме успех, ние сме де факто 30та членка на НАТО и ќе ги отвориме преговорите за членство за ЕУ. Испорачавме успех и дома, отворивме 60.000 работни места и ја намаливме невработеноста на 17 отсто. Сега со уште поголема енергија ветуваме и ќе овозможиме отворање на нови 100.000 работни места и намалување на невработеноста до 8 отсто, додаде Николовски.
Тој потенцираше дека државата е извесна 30 земја членка на НАТО и напредува кон интеграција во ЕУ, што значи стабилност и безбедност но и повеќе економски можности за домашните компании, нови и поголеми инвестиции и повеќе пари во секое семејство.
Генералниот секретар Николовски истакна дека СДСМ на претстојните избори е фавориѕ, не само заради досега спроведените мерки туку и затоа што ја предводи најголемата коалиција.
-Анкетите и истражувањата покажуваат дека СДСМ како предводник на најголемата коалиција и како партија која е модерна, европска и отворена за сите убедливо ќе добие мандат за формирање влада на 12 април. СДСМ нуди напредок и интеграции и пари за граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ нуди изолации и враќање кон темното минато.Затоа секојдневно насекаде низ државата нови членови пристапуваат кон СДСМ, тоа е доказ дека победуваме, заклучи Николовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа