Јанушев: „Зорт“ коалицијата го тера Заев повторно да биде лицемерен
„Зорт” коалицијата го тера Заев повторно да биде лицемерен. Кога му требаат македонските гласови се колне во жицата, во најмилото. Сега, кога целосно ги изневери, започна да се додворува на албанските гласачи повторно лицемерно, кажувајќи дека СДСМ не е македонска партија.
Јас би рекол очајно лицемерие на човек кој е свесен дека ќе загуби и сега е подготвен на се. Но, добро е што граѓаните може лесно да препознаат дека Заев не ја говори вистината и носи само разочарувања, зошто овој човек е виновен за сите порази, сиромаштија, измами, криминал.
Затоа, да му ја исполниме желбата, на овие избори да излезат Македонците, исто и другите граѓани и да кажат што мислат за ваквото лицемерие и измами.
Обновата доаѓа! Напиша на Фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа