СДСМ: Извештајот на ЕК ги потврди успешните европски политики на Заев
Позитивниот Извештај на Европската Комисија за Република Северна Македонија преставува потврда на успешните евроинтегративни политики на СДСМ и претседателот Зоран Заев и на резултатите кои ги постигнавме во скратениот мандат од две и пол години, соопшти СДСМ.
„Реформите кои ги презедовме се препознаени од нашите европски сојузници, а нивните позитивни оценки, како и препорката за почеток на преговори со Европската Унија, се своевидна потврда дека држвата е на правиот пат, но преставува и мотив да продолжиме напред.
Во однос на судството, Извештајот на ЕК нотира засилено темпо на имплементацијата на реформите. Во прилог на тоа оди и новиот Закон за Јавно обвинителство кој за Комисијата е гаранција дека ќе се обезбеди одговорност за кршењето закони и дека предметите на СЈО целосно ќе се затворат со правосилна пресуда.
Европската Комисија нотира позитивни реформи и во Секторот за безбедност и разузнавање каде што се споменува новиот закон, но и активирањето на Оперативно – техничка агенција (ОТА) и Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Во Извештајот се заклучува дека постои засилен надзорен капацитет во службите, но и на парламентот кон безбедносниот сектор.
Извештајот на ЕК посветува внимание и на реформите во јавната администрација каде се потенцираат владините активности за поефикасна транспарентност и отчетност, но и напорите за дигиталзиација и поедноставување на пристапот на граѓаните кон институциите.
Очекуваме дека по постигнатите реформски резултати, Европската Унија ќе биде доследна на ветеното и ќе го исполни својот дел од обврската и дека Северна Македонија наскоро ќе започне преговори со Унијата“, се вели во соопштението на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа