Реџепи: Коалицијата со СДСМ ќе биде инспирација Албанците да излезат на избори

 

Ние секогаш се залагавме да има коалиција која ќе донесе промена, да донесе максимализација на потенцијалот на нашаите поддржувачи. Што се однесува до можноста за приклучување на други партии, сметам дека тие треба да одговорат. Мислам дека со оглед како се позиционирани тешко дека ќе има предизборна коалиција, рече во „Утрински брифинг“, Кастриот Реџепи, потпретседател на политичката партија БЕСА, околу можноста за приклучување на Алијансата на Албанците и Алтернатива во постоечката коалиција помеѓу СДСМ и БЕСА.

-Во првата фаза, нас не интересира да ги дефинираме принципите и програмските определби, а нај незначаен дела се позициите на пратеничките листи. Во моментов сè уште се синхронизира програмата и мислам дека кон крајов на неделава ќе има и конкретни работи околу позиционирањето. Но мислам дека во секој случај ќе имаме многу повеќе мандати отколку во некоја друга комбинација- вели Реџепи.

Но тоа не е главната цел зошто ја имаме оваа соработка, рече Реџепи околу забелешката дека доколку БЕСА направела коалиција со албанските партии би добиле повеќе пратеници.

-Околу излезноста – сметам дека ќе има излезност, бидејќи за прв пат се создава партнерска коалиција, порано сме имале пост изборни коалиции каде не сме знаеле врз кој основ се направени. Оваа коалиција дава гаранција и на Албанците дека ќе имаат политички субјект кој ќе гарантира исполнување на нивните барања и ќе биде инспирација за излегување на избори. Со оваа коалиција се надзира и промената во албанскиот блок- вели Реџепи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.03.2020 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега