ВМРО- ДПМНЕ Прилеп: Грди сцени од градската болница „Борка Талески” во Прилеп
„Еве како кадрите на СДСМ се грижат за пациентите и градската болница „Борка Талески“ во Прилеп„ велат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп
Од таму велат дека снимката е од вчера и на истата може да се виде како најразличен отпад е расфрлан насекаде во дворот на болницата.
Според информациите освен ѓубре, расфрлан е и медицински отпад, а сето тоа изгледа грозно и недолично за болница која опслужува над 100.000 потенцијални пациенти од целиот регион.
Ова е тој “прав пат” кој ни го продаваат-реагираат од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
29.02.2020 - 13:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа