ВМРО-ДПМНЕ ќе го модернизира РЕК Битола и ќе изгради нова термоцентрала во Пијанец и Малешевијата
ВМРО-ДПМНЕ секогаш работела за добро на граѓаните на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ по 12-ти април кога ќе дојде на власт ќе реализира проекти кои ќе го подобрат стандардот на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова која подразбира целосна модернизација на РЕК Битола и продолжување на векот на траење, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата истакнуваат дека овој сложен проект опфаќа набавка на нова опрема за потребите на РЕК Битола, зголемување на нејзините капацитети и модернизација на работата, како и примена на целосни, без исклучок и без компромис, еко стандарди за намалување загадувањето на животната средина и целосно еколошко работење на комбинатот.
-ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за обнова која што подразбира нова термоелектрична централа во Пијанец и Малешевијата според високи еколошки стандарди што ќе биде од стратешко значење за Источна Македонија. Ова подразбира 1.000 силно платени нови вработувања за Делчево, Пехчево, Македонска Каменица и Берово, и останати места околу. За целиот регион тоа ќе донесе нова додадена вредност, средства од 20-тина милиони евра годишно и враќање на животот во овој крај. ВМРО-ДПМНЕ по 12-ти април ќе донесе обнова на Република Македонија со реални проекти и реални ветувања. Обнова што ќе значи повеќе за секој граѓанин во Република Македонија, посочуваат од партијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа