Попладне силно невреме во Македонија

 

Нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер најавуваат метеоролозите за попладневните часови. Во Западна Македонија се очекува силно невреме со обилни врнежи и можност за изолирана појава на град.

Слично време се очекува и во утрешниот ден со обилни врнежи од дожд и поретка појава на грмежи. На места се најавуваат и по 20 литри вода на метар квадратен.

Од УХРМ препорачуваат поголема внимателност во случај на појава на електрични празнења и да се избегнува престој на отворен простор и под осамени дрвја

најчитано сега