ВМРО-ДПМНЕ денеска излегува на протест
Граѓански протест ќе се одржи денеска со почеток во 18 часот во организација на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата истакнуваат дека протестот е „против неправдата, Заев е виновен“. Истиот ќе започне пред Јавното обвинителство лоцирано на кејот, а ќе заврши пред Врховниот суд.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашната прес-конференција ги повика сите граѓани од сите националности и убедувања да им се приклучат на протестот.
-Ова не е протест само на ВМРО ДПМНЕ туку на сите граѓани кои знаат дека главната кочница е Заев. Протест на кој ќе порачаме дека одговорност мора да има за неправдите и дека ЗАЕВ Е ВИНОВЕН! Одговорност за главата на октоподот која не може да се сокрие. Но и порака за чуварите на неправдите на Заев, обвинителството и Врховниот суд. Оваа држава која почива на правдата, на нашата борба за независност и слобода, на почитувањата на правото, во која Македонците се борат за своите правдини, мора да се спротивстави на ваквото брутално кршење на законите и Уставот. Тоа е наша обврска, наша должност и задача, нагласи Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа