Костадинов: Со снимката на Милошоски не се компромитира СДСМ, со „бомбите“ на СДСМ се разобличува целото режимско владеење

 


Има разлика во прислушуваните разговори, оние на СДСМ и овие на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа што го пушта Антионијо Милошоски не е целиот разговор, зошто е тоа така? Го повикав Милошоски дека може да ги поднесе материјалите до Јавното обвинтиелство затоа што тоа е друго, поинакво обвинителство и ако има докази ќе постапи. Оваа снимка не ја компромитира ниту партијата, ниту претседателот Заев. Апсолутно, тоа што го слушнавме, без разлика дали е правена корекција на снимката, со ниту еден збор не е нарушено ништо. Се работи за продолжување на континуитетот на предметите на СЈО, а Вангеловски знаете дека со години чувал предмети во фиока.

Ова во емисијата „Топ тема“ го истакна портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ нема право да зборува за правосудниот систем зашто 11 години го контролирал преку свои инсталации.

-Имавме 26.000 прислушувани граѓани и тогаш имавме можност да слушнеме се за правосудството во време на ВМРО-ДПМНЕ, таму слушавме како се нарачуваат процеси, лустрации, притвори и пресуди. Тоа се сериозни повреди на човековите права, тоа се сериозни сомнежи за криминал, од кој ВМРО-ДПМНЕ се уште се обидува да избега, но јас уверувам дека правда ќе има и секој што погрешил ќе одговора, рече Костадинов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.02.2020 - 20:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега