Апсење низ Скопје: Осум лица приведени поради поседување на оружје и марихуана

Во текот на вчерашниот ден полицијата низ Скопје на неколку различни локации извршила претрес на  осум лица при што биле уапсени поради поседување на дрога и оружје.

„Вчера во 15.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на Кеј „Димитар Влахов“ го лишиле од слобода А.А.(27) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена црна грутчеста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вториот случај бил регистриран во 20.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Илинден“ го лишиле од слобода М.М.(21) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Третиот во 23.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Алексо Демниевски“ ги лишиле од слобода Г.Т.(18), К.Н.(19) и А.С.(20), сите од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана“ велат од полиција.

Нешто подоцна пак во 01.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба го лишиле од слобода Д.Т.(22) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. 

Додека пак во Арачиново пак било пронајдено оружје.

„Во 22.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје во с.Арачиново, скопско, го лишиле од слобода Ч.В.(24) од с.Лојане, општина Липково, затоа што при извршен преглед кај него бил пронајден пиштол „Десерт Игл“ калибар 9 мм и една рамка со девет куршуми“ велат од МВР.

Полиција влезе и во домот на скопјанец, по што бил уапсен.

„Во 23.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на Кеј „Димитар Влахов“ го лишиле од слобода С.А.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена дигитална вага со остатоци од растителна материја“ велат од полиција.

По документирање на сите случаи против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.02.2020 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега