„Israelnationalnews“: Мизрахи се соочи со безброј антисемитски напади од страна на власта за време на нејзиниот мандат

 

Министерката за труд и социјална политика беше разрешена откако одби да ја тргне таблата на министерството на кое наместо новото име Северна Македонија, стоеше само Република Македонија, пренесува „Israelnationalnews“.

Еврејската пратеничка од Македонија беше отстранета од министерската позиција за труд и социјална политика во услови на антисемитско опкружување откако стана министер на почетокот на јануари годинава.

Весникот пренесува дека власта предводена од СДСМ ја разреши Мизрахи поради тоа што не го користела новото име на државата Северна Македонија.

Мизрахи во собранието минатата сабота рано утрото беше разрешена со 62 гласа ЗА и 26 гласа ПРОТИВ.

„Јас сум горда еврејка од Македонија“, рече Мизахи за време на дебатата во собранието минатата недела за нејзино разрешување од функцијата, таа додава дека се соочила со „бескраен порој на антисемитски злоупотреби од власта за време на нејзиниот мандат“, пренесува израелскиот сајт.

Тие додаваат дека наместо да ја критикуваат работата на Мизрахи била нападната поради нејзината религија и националност, како и етикетирана со жолтата ѕвезда.

Инаку поголем дел од нејзиното семејство во Македонија било убиено во холокаустот, наведува „Israelnationalnews“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.02.2020 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега