Апсење во Гостивар: Ограбил младо момче, па побегнал

 

Полицијата во Гостивар вчера уапсила едно лице поради сомнеи дека извршило кражба со закана со нож.

Вчера во 14 часот и 30 минути на улица „Никола Парапунов“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода И.Б.(48) од село Равен, гостиварско, поради сомнение дека околу 10.00 часот извршил разбојничка кражба на улица „Панче Поповски“, во непосредна близина на големиот пазар во Гостивар.

Според пријавеното, И.Б. со закана со остар предмет од паркирано возило „форд транзит“ му одзел пари на М.Х.(18) од Скопје, кој се наоѓал во возилото, а потоа го напуштил местото.

Извршен бил увид на местото, а И.Б. бил задржан во Полициската станица Гостивар.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2020 - 15:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега