Пронајдени мигранти- Полиција го сопрела возилото кај струмичко и уапсила шест лица

 

При преглед на возило кај стумичкото село Робово полицијата пронашла пет мигранти, по што уапсен бил возачот на возилото заедно со нив.

Според пријавеното вчера околу 07 часот и 45 минути на локалниот пат од село Банско за село Робово, на влезот во село Робово, струмичко, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор „Ново Село“ запреле товарно возило „ивеко фургон“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(62) од Скопје.

При преглед во возилото биле пронајдени пет лица мигранти, од кои две од Авганистан и три од Пакистан. Д.Д. бил лишен од слобода и заедно со мигрантите биле спроведени во СВР Струмица.

Против Д.Д. е поднесена кривична пријава до ОЈО, а по наредба на Јавен обвинител мигрантите биле предадени во Прифатниот центар за странци Гази Баба Скопје и во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2020 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега