Нов селектор ќе ги води нашите ракометарки

Нов селектор на женската ракометна репрезентација ќе биде Ристо Магдинчев. Ваквата одлука ја донесе Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија. Магдинчев доаѓа на местото на Гино Стрезовки и уште на стартот вети напорна работа во обид да го врати сјајот на женскиот репрезентативен ракомет. 

- Знаеме каква е состојбата и со што располага женскиот репрезентативен ракомет во Македонија. Треба да се трудиме да ги искористиме моменталните потенцијали, а со натурализирање на три ракометарки (Костјук, Виноградова и Мису) можеме да се квалификуваме на некое големо натпреварување, изјави новиот селектор.

Магдинчев побара поддршка и време од РФМ и од јавноста  за да ги постигне зацртаните цели. 

18.10.2013 - 11:50

најчитано сега