Во Полска се продаваат новороденчиња за 500 евра
Во Полска речиси и да е легализирана продажбата на новороденчиња, нешто кое што не е предвидено како казниво дело со последните измени во кривичниот законик. Новороденче може да се набави по цена од само 480 евра. Имено трговијата со луѓе како кривично дело се смета доколку се сака да се искористи нивниот труд, за просење, проституција, или поради порнографија. Доколку се купи новороденче за да се одгледува и воспитува, ваквата активност не е забранета ниту казнива.
Репортерите на „Њусвик“, кои покажале фиктивен интерес за купување деца, откриле дека тоа е возмжно за околу 480 евра, додека сурогат-мајка ги понудила своите услуги за 1.600 евра, со можност за плаќање и на рати.