Славевски: ВМРО-ДПМНЕ за четири години ќе ги зголеми платите за 20%

ВМРО-ДПМНЕ кога ќе ги зголеми платите за над 20 отсто, рече членот на Извршниот комитет на таа партија, Трајко Славевски во гостувањето во „Топ Тема“.

-Се работи за збирен раст, секоја година 5%, вкупно 4 годни. Ако наредната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ може да го искористи целокупниот свој мандат, тоа би значело дека платите ќе порасната за над 20 до 25 %. И тоа не е воопшто нереално, сосема е реално, истакна Славевски.

Вели дека ако во првите две години се оствари стапка на раст од 4 отсто и ако се додаде номинално зголемување од инфлацијата од 5 проценти  сосема е достижно, за разлика од некои таргети, кои уште ВМРО-ДПМНЕ во почетокот кога беа најавени ги критикуваше.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2020 - 20:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега