ВМРО-ДПМНЕ ги објави фактите на денот

ВМРО-ДПМНЕ објави факти на денот. Според партијата, аудио-бомбата која денеска ја објави пратеникот Антонијо Молошоски во Собрание е причина зошто поранешниот премиер Заев, како што велат, грчевито се бори за амнестија и спас од одговорност.

1.Аудио бомбата ги потврди индициите за криминални зделки помеѓу Зоран Заев и Бојан Јовановски. Зоран Заев признава дека е финансиер на 1Тв.

2.Бомбата која денес се сподели со јавноста ја открива причината зошто Зоран Заев грчевито се бори за амнестија и спас од одговорност.

3.Оливер Спасовски по притисокот од Грција бара разрешување на Рашела Мизрахи поради користење на името Република Македонија.

4.Партиски војници на СДСМ вработени во Царинската управа добиле унапредување иако немаат ниту униформа.

5.Откако Филипче е назначен за министер за здравство фирмата Синерџи чиј сопственик е близок роднина на Филипче добил тендери од Министерството за здравство од 7 милиони евра.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2020 - 19:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега