Пендаровски ќе го потпише указот за Законот за ратификација на Северноатлантскиот сојуз

Претседателот на Република  Македонија, Стево Пендаровски денеска ќе го потпише указот за прогласување на Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор.

Собранието вчера на свечена седница едногласно со 114 гласови „за“ го усвои Законот што ќе се применува по ратификацијата на Протоколот за НАТО од Шпанија, по што се очекува земјата да стане 30-та членка на Северноатланската алијанса. По седницата знамето на Северноатланската алијанса беше ставено на јарболот до македонското знаме пред зградата на Собранието на Републикаа Македонија.

Амбасадорката на САД во НАТО, Кеј Бејли Хачинсон потврди дека сите очекуваат знамето на Македонија да започне да се вее пред седиштето на Алијансата во Брисел мошне скоро, најрано на пролет.

Хачинсон денеска во Брисел ќе учествува на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на Алијансата. На брифингот за новинарите таа укажа дека на состанокот ќе се разговара за тековните приоритети и насоките дадени „на НАТО самитот лани во декември“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2020 - 07:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега