Ужас: Тинејџерка криела мртво бебе во чантата

 

Вработени во продавницата за долна облека "Викторија Сикрет" во Њујорк останале шокирани кога пронашле мртво бебе во чантата на една тинејџерка која влегла во продавницата. 

Обезбедувањето ја запрело 17-годишната Тиона Родригес поради сомневање дека украла нешто од продавницата, а кога ја отвориле нејзината чанта за да проверат дали навистина земала нешто или не, останале шокирани кога внатре забележале бебе кое не давало знаци на живот. Кога дошла полицијата, младата девојка раскажала дека детето го родила претходниот ден мртво и дека не знаела што да прави со него.

Медицинскиот преглед треба да покаже дали детето било родено тинејџерката ја зборува вистината.

 

18.10.2013 - 09:28

најчитано сега