Електричните возила сè попопуларни

Барањата за електричните возила пораснале за 81% во последните три месеци од 2019 година, покажуваат податоците на Европското здружение на производители на автомобили АСЕА. Само во тој период продадени се над 155.000 возила. 

Хибридните возила и понатаму го сочинуваат мнозинството на алтертивни возила во Европската унија и тоа е пораст за 69,2% во однос на идентичното тримесечие во 2018 година што исто така е големо поместување.

Уште пред новите стандардни за емисиите на штетни гасови, електричните автомобили стануваа сè попопуларни и попопуларни што доволно зборува за тоа што народот сака да вози, а како главна причина за дотогашната слаба продажба се наведува недостатокот на избор од страна на произведувачите. Покрај сите овие бројки се наведува дека се продадени 3,7% помалку дизел возила во Европската унија, но и дека се регистрирани 29,5% помалку дизел автомобили.

Франција, Германија, Романија, Шведска, Унгарија, Белгија и Словенија имале нешто позначаен број на купени дизел автомобили, но и понатаму судејќи според пазарот во Европската унија најзастапени се бензин верзиите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.02.2020 - 21:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега