Пендаровски со претставници на Македонска медиумска асоцијација на приватни национални телевизии

Претставниците на петте македонски национални телевизии ги пренесоа аргументите, фактите и ставовите на нивните медиуми во однос на постапката започната во Собранието за предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Претставниците на националните телевизии укажаа дека предложените измени за нив се целосно прифатливи и очекуваат истите да бидат усвоени од страна на македонското собрание.

 

Претседателот Пендаровски во текот на вчерашниот дел на истата тема имаше информативна средба и со претставниците на телекомските оператори на која беше запознат и со нивните ставови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.02.2020 - 16:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега