Измерени -14 степени: Каде е најстудено утрово во Македонија

 Во целата држава утринава температурите се под нулата. Најстудено е во Лазарополе каде се измерени -14 степени, а единствено во Дојран и Гевгелија утринската температура достигнала до нула степени.

Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, во Берово се измерени -13 степени, во Битола и Маврово -12, во Прилеп -11, во Крива Паланка, Претор и Крушево -10, во Охрид и Дебар -9, во Тетово и Виница -6, во Струмица -4, во Штип и Куманово -3 и во Скопје -2 степена.

За денеска синоптичарите најавуваат променливо облачно и студено време со сончеви периоди и со умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Во североисточните делови ќе провејува снег. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7 степени. Во Скопје слично време со максимална температура до три степени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.02.2020 - 08:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега