Аџилакот во Мека помина без никакви инциденти
Аџилак во Мека оваа година помина без инциденти. Повеќе од 1,4 милиони муслимани до 188 земји од светот започнаа да ја напуштаат Саудиска Арабија.
Официјално аџилакот завршува утре, но верниците можат да си заминат уште вечерва, откако фрлија камења врз трите големи карпи, што ја симболизираат сатаната, како што проповеда муслиманската традиција во последниот ритуал од аџилакот.
Верниците утринава се упатија во Мина, во близина на Мека, каде се наоѓаат карпите. Притоа ја заобиколија Каабата - голем црн камен, околу кој е изградена Големата џамија.
Според властите, годинава во аџилакот учествувале вкупно 1,98 милион верници, во споредба со 3,16 милиони во 2012 година.
17.10.2013 - 16:27