Чулев: Ситуацијата со пасошите е алармантна

Можеби ќе почекате некој да ви се јави на бесплатниот телефонски број за закажување за вадење пасош, но треминот кој ќе го добиете е после 20-ти февруари. Но, ниту во врвот на МВР не знаат дали тогаш ќе има обрасци за пасоши за да извадите нова патна исправа. Проблемот е во лошото планирање, вели министерот Чулев за Телма, кој објаснува дека се контактира со набавувачот, германската фирма Веридос. Патни исправи има само за уште 5 дена.

Полабаво е со нови лични карти и возачки довзоли иако и таму има проблеми. Успешно се покриваат дупките со нови пратки на обрасци за лични карти и дозволи. Проблемот се појави на почеток на годината, откако според сегашниот новодојден технички министер Чулев планирањата не биле соодветни во пресрет на изборите и поради новиот начин на подигање на лекови од аптека поради што има зголемена промена на истечени или неважечки документи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.02.2020 - 16:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега