Армиите на Македонија и Србија ќе ги користат капацитетите за обука на двете земји

 

Медицинска обука, обука во односи со јавноста, учество на заеднички вежби, придонесот на нашата Армија во операциите и мисиите на НАТО, ЕУ и ОН во странство, ангажирањето на Армијата во поддршка на МВР при справување со мигрантската криза, како и користење на капацитетите за обука на полигонот „Криволак“, биле темите за кои денеска разговараа началникот на ГШ генерал-потполковник, Васко Ѓурчиновски со неговиот колега од Србија началникот на Генералштабот, генерал Милан Мојсиловиќ кој е во официјална посета на  Македонија.

На средбата, како што соопшти Гебералштабот на Армијата, Мојсиловиќ изразил поддршка и почитување за нашето интегрирање во НАТО со кое, како што нагласил, ќе се подобри и севкупната безбедност во регионот.

Началникот  Ѓурчиновски истакнал дека ќе продолжиме и понатаму со изнаоѓање на форми и облици за зајакнување на билатералната соработка како инператив за подобрување на безбедноста и севкупното безбедносно опкружување во регионот.

На средбата меѓу другото се разговарало за соработка во однос на военото образование, за регионалната соработка за конференциите на НГШ на балканските земји Б-9, Јадранската повелба-А5…

Гостите од Србија понудиле споделување на искуства кои ги имаат од учеството во мировните мисии под водство на ЕУ пред се во Централно Африканската Република, а денеска ќе го посетат и Центарот за обука на пилоти.

Билатералната соработка на полето на одбраната со Војската на Република Србија во изминатиот период се одвива пред се на полето на воената едукација, учество на заеднички воени вежби и обука како што се „Платинест волк“ која се реализира секоја година во Србија под раководство на Вооружените сили на САД и вежбата „Балкански одговор“ и заедничко учество на медицински персонал во активностите на иницијативата Балкански Медицински Наменски Сили.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.02.2020 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега