Шекеринска: Ќе станеме членка на НАТО – со или без поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ ги имаше заборавено и Армијата и одбраната. Затоа, денес можат само да плукаат бидејќи немаат одговор зошто ништо не сториле тие 11 години, напиша денеска на Фејсбук министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Ќе продолжат да плукаат, вели Шекеринска, а ние ќе станеме членка на НАТО – со или без нивна поддршка.

-Можеле да обезбедат 16 проценти повисоки плати за Армијата како што се обезбедени сега, но не обезбедиле. Можеле за сите да обезбедат 7000 денари додаток за станарина, но не го сториле ни тоа. Можеле да обезбедат бенефициран стаж и поволно пензионирање, ама тоа го чувале само за МВР. Можеле да обезбедат чизми и униформи, оклопни возила, нови инженериски машини, но во сите 11 години владеење не помислиле на тоа. Ќе продолжат да плукаат, а ние ќе продолжиме да работиме и да го поправаме системот кој го расипаа, напиша Шекеринска на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.02.2020 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега