Нов анкетен лист на Спасовски- Колку е богат како технички премиер, а колку беше како министер

Новиот анкетен лист на Техничкиот премиер Оливер Спасовски е речиси идентичен со тој што го доставил во 2017 година кога стана министер, пренесува „е магазин“.

Единствената крупна разлика е што кога станал министер на една од денарските платежни картички имал 190 илјади денари, а сега на истата има 2.004.906 денари.

Промени во сумите има и кај денарските платежни картички на неговата сопруга и родителите.

Тој на свое име пријавил куќа во Куманово од 309 метри квадратни, проценета на 7,3 милиони денари, стекната како подарок.

Вози Пежо 307, а на свое име пријавил и уметнички и колекционерски предмети, проценети на 260 илјади денари.

Има и кредит од 600 илјади денари, кој треба да го отплати годинава.

На име на родителите пријавил земјиште во Куманово и Старо Нагоричане, шума од 37 илјади метри квадратни во Старо Нагоричане, проценета на 4,2 милиони денари и куќа од 60 метри квадратни во Куманово, проценета на 1,2 метри квадратни.

На име на родителите пријавил и Шкода Фабија и машини и друга опрема.

Целиот негов анкетен лист ТУКА.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.02.2020 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега