ДС: Грција ќе ги поддржи евроинтеграциите на Македонија

Лидерот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов, денеска оствари средба со Харис Лалакос, амбасадор на Република Грција во Република Македонија. 

Од партијата информираат дека на средбата се разговарало за потребата од продлабочување на соработката во сите области, особено на економски план, туризмот, културата и друго. 

Трајанов истакнал дека Република Македонија во изминатите 20 години спроведе значајни реформи и ги исполни сите критериуми за полноправна членка во НАТО, како и за започнување на пристапните преговори за влез во ЕУ. 

Трајанов нагласил дека деблокадата на евроинтегративните процеси се битни за развојот на двете држави како и стабилноста и безбедноста на Балканот во целина. 

-Демократскиот сојуз очекува Република Грција да биде наш силен подржувач во евроинтегративните процеси, стои во соопштението од партијата. 

Средбата беше остварена на инцијатива на амбасадорот на Република Грција.

17.10.2013 - 15:14

најчитано сега