Виолината која беше извадена од „Титаник“ ќе оди на аукција

Виолината која е извадена од „Титаник“ ќе биде понудена на аукција. Додека бродот тонел, музичарите од оркестарот свиреле со цел да ги смират патниците кои биле во паника.

Сите музичари од оркестарот загинале во несреќата, но тие ќе бидат запаметени како херои  во таа голема трагедија. 

Се претпоставува дека виолината, нема да постигне цена помала од милион долари, пишува Би Би Си.

Во потонатиот брод загинаа 1500 луѓе на 15 април 1912 година.

17.10.2013 - 15:09

најчитано сега