Конечно ќе се почуствува зимата: Студено време со врнежи од снег и силен ветер
Облачно, студено и ветровито време од денеска во наредните неколку дена ќе преовладува во земјава.
Во планинските региони и во западните делови од државата се очекува нова снежна покривка со висина до 20 сантиметри.
Според најавите од УХРМ, долж Повардарието врнежите ќе бидат од дожд и снег и наместа ќе се формира помала снежна покривка. Поради силниот ветер кој се очекува да биде со брзина над 70 км/час можна е и појава на снежни наноси. Утринските температури ќе се спуштат и до -11 степени.
Температурата утре ќе се спушти до минус три, во четврток до минус седум, петок до минус 11, сабота до минус девет и понеделник до минус осум.
Дневната температура утре ќе се искачи до осум степени, во четврток до шест, петок до осум, сабота 10, недела 11 и понеделник до 13 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа