Невреме во Скопје: Ветрот корне дрва и турка контејнери (ВИДЕО)

Силно невреме вечерва го зафати Скопје, а во делови од градот забележани се и паднати дрва.

Разлетани канти за отпадоци и паднати дрва на тревници и тротоари можат да се видат во неколку скопски општини.

Инаку, Управата за хидрометеоролоши работи најави дека ќе има врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе преминат во снег.

Од Град Скопје повикаа граѓаните да се воздржат од непотребни излегувања од домовите, да избегнуваат прошетки под дрвореди и да не ги паркираат своите возила под крошните на дрвата.

-Градските екипи се подготвени за расчистувањето на снегот, а од „Паркови и Зеленило“ се веќе на терен каде ги подигнуваат паднатите гранки и дрвја, се вели во објавата на Град Скопје на социјалната мрежа Фејсбук.

Освен во Скопје, медиумите од регионот јавуваат за бури насекаде низ Балканот.

04.02.2020 - 20:42
Фото: 
ФОТО: С.С. - Вечер.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега