Силен ветер ја руши Гевгелија
Силен ветер од синоќа беснее во реонот на Гевгелија. Ветерот кој дува со брзина од 18 метри во секунда или 65 километри на час носи се пред себе.
Ветерот собори повеќегодишно дрво во дворот на Управата за јавни приходи, а искршени се и тополите крај патот за Негорци, спроти ладилникот на поранешен „Винојуг“.
Екипи од јавното претпријатие „Комуналец“ ги санираат соборените дрвја кои не предизвикаа поголема штета, додека надлежните служби ги поправаат оштетените сообраќајни знаци и неколку рекламни паноа на улицата „7 Ноември“.
Штетите кои ги предизвика ветерот не предизвикаа застој во сообраќајот.
17.10.2013 - 14:00