ВИДЕО: Голем метеор извлечен од езеро во Русија

Откриен голем метеор во езеро во Русија.Тоа била цела карпа  тешка 570 килограми која најверојатно е дел од метеор кој се распрснал на тој регион и направил дупка во мразот на езерото Чебаркул со радиус од шест метри.

Кога се распаднал метеорот биле повредени повеќе од  илјада лица.

Каменот се распаднал при обидот да се поткрене од земја и се распарчил на најмалку три дела, а вагата пукнала во моментот кога покажувала тежина од 570 килограми. Сепак ќе треба да помине извесно време за да се потврди дали каменот е навистина од вселената.

 Нуркачите од дното на езерото досега извлекле 12 парчиња, но засега само за пет од нив е потврдено дека навистина се делови од метеор.

17.10.2013 - 13:26

најчитано сега