ОН избираат пет нови членки на Советот за безбедност

Генералното собрание на ОН денеска избира пет нови членки на Советот за безбедност. Се прогнозира дека тоа ќе се Нигерија, Чад, Саудиска Арабија, Литванија и Чиле.

Чиле и Нигерија досега членува четири пати, додека пак останатите земји никогаш не биле дел.

СБ е составен е петте постојани членки, кои имаат право на вето, Русија, САД, Кина, Велика Британија и Франција и десет непостојани членки, кои се избираат на две години.

 

Петте новоизбрани членки ќе ги заменат Азербејџан, Гватемала, Мароко, Пакистан и Того на 1 јануари.

17.10.2013 - 13:21