Нови разговори за поделба на имотот на СФРЈ

Министерот  за финансии и трезор на БиХ во Одделот за сукцесија на имотот на поранешна Југославија Зенит Келиќ нагласи дека состанокот, првично најавен за 16 и 17 септември во главниот град на БиХ, е одложен поради здравствени проблеми на високиот претставник на Словенија Рудолф Габровиќ, но дека дневниот ред останува непроменет.

„При подготовките на новиот состанок како централно прашање повторно се постави тоа за мешовитите банки. Се уште има многу отворени прашања меѓу државите наследнички на поранешна СФРЈ, а благодарение на министерот за финансии и трезор на БиХ и висок претставник на БиХ во Постојаниот заеднички комитет, овој орган се состанува за првпат по повеќе од четири години“, изјави Калиќ.

Во банките , основани од поранешна Југославија, имало 650 милиони долари

17.10.2013 - 13:13