Трагедија во Скопје: Во страшна несреќа загина великанот на македонската кошарка Благоја-Буштур

Голема трагедија вчера ја потресе Македонија, кога во тешка сообраќајна несреќа загина македонската кошаркарска легенда, Благоја Георгиевски.

-Според првичните, неофицијални информации, несреќниот момент се случил во скопската населба Кисела Вода, поточно кај сервисот „Скендеровски“. Со непрописна брзина на движење, и дождливиот коловоз, легендарниот Буштур изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во бетонските блокови поставени покрај булеварот. Великанот на македонската кошарка починал на лице место, соопштува Кошаркарската федерација.

Инаку, Благоја Георгиевски е роден на 15. октомври во Скопје. Најголем дел од својата играчка кариера ја помина во Работнички, клуб со кој се натпреваруваше во Првата југословенска кошаркарска лија. Во сезоната 1975/76 популарниот Буштур, заедно со Работнички, стигна и до полуфиналето на Купот на победниците на Куповите. Георгиевски беше и член на младинската репрезентација на Југославија. 

По осамостојувањето, Георгиевски работеше и како тренер. Беше и селектор на македонската сениорска репрезентација.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.01.2020 - 07:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега