Од службен пат замина во смрт: Скопјанец почина од маларија

Триесет и петгодишен скопјанец, кој се заразил со маларија најверојатно на службен пат во Гана, бил примен во крајно тешка здравствена состојба на Универзитетската клиника за инфективни болести во Скопје, по што во текот на вчерашниот ден починал.

Ова за МИА го потврдија од Клиниката за инфективни болести од каде посочуваат дека по доаѓањето на Клиниката тој веднаш бил хоспитализиран, болеста му била дијагностицирана, но за жал не можело многу да направи, бидејќи бил во тешка состојба.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.01.2020 - 16:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега