Забележала чад кај хаубата - опожарени три возила Скопје

Три автомобили вчера биле опожарени на улицата „Отокар Кершовани“ во Скопје. Според пријавеното, 21-годишната А.А. од с.Мирковци, скопско, откако го паркирала возилото забележала чад кај хаубата. Од пожарот биле зафатени уште две возила – „мерцедес“, сопственост на А.Р.(44) и „цитроен берлинго“, сопственост на Л.С.(66), двајцата од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.01.2020 - 15:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега