Скопјани без дозвола изградиле станбен објект на државно земјиште во Трпејца

 

СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 29-годишниот М.Х. и 25-годишниот М.Х., двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.

Пријавените, како што информира МВР, на катарстарска парцела на државно земјиште лоцирана во населбата Трпејца, во зоната на строга заштита што е дел од Националниот парк „Галичица“, изградиле станбен објект. Тоа го направиле без одобрение за градба, со што извршиле узурпација на земјиште во државна сопственост.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.01.2020 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега